0_Македонија.ПорталKultura.SlajderКултураКултура.Портал

Националната галерија наскоро со виртуелни описи и презентации на дела од богатата колекција

Постојаната поставка на Националната галерија на Северна Македонија, која редовно е поставена во објектот Даутпашин амам, е достапна во виртуелна варијанта до посетителите, преку VR-платформата https://my.matterport.com/show/?m=seBXUrNdika.

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Постојаната поставка на Националната галерија на Северна Македонија, која редовно е поставена во објектот Даутпашин амам, е достапна во виртуелна варијанта до посетителите, преку VR-платформата.

Како што информират од Галеријата, поради затворените изложбени простори во согласност со препораките на Владата на Северна Македонија, НГ се движи од галерискиот простор кон виртуелниот.

-Покрај оваа можност, тимот на галеријата постојано размислува за нови виртуелни опции за анимација на својата публика од различни професионални и возрасни групи, почна да нуди и бесплатни платформи за симнување на дигитални форми на каталози и монографии од наши досегашни изложби, проекти и активности, секако во издание на Галеријата. Наскоро најавуваме и виертуелни описи и презентации на дела од нашата богата колекција, презентирани од нашиот стручен кадар, соопштија од Галеријата.

Информираат дека во подготвка е и скорешна промоција на виртуелни работилници и уметнички игри за најмалите посетители, децата, кои ќе бидат изготвени од едуативен тим и ќе одговараат на различни возрасти на деца – дошколска и школска возраст, средно училиште и  децата со посебни потреби. бк/ац/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close