Дописници МКДОпштински вести

Набавено ново возило и опрема за јавното комунално претпријатие во Кратово

Општина Кратово во соработка со Јавното комунално претпријатие од Oпштината извршија набавка на ново мултифункционално возило за собирање смет кое во зимскиот период ќе се користи и како соларка и за чистење снег.

Крива Паланка, 31 март 2020 (МИА) – Општина Кратово во соработка со Јавното комунално претпријатие од Oпштината извршија набавка на ново мултифункционално возило за собирање смет кое во зимскиот период ќе се користи и како соларка и за чистење снег.

-Возилото е со погон 4х4 и гарантира достапност до сите локации во градот, со оглед на конфигурацијата на теренот, ќе се собира смет во непристапните локации, има приколка. Ова е нова механизација која е единствена досега новонабавена за ЈП „Комуналец“, а учеството и целата активност околу јавната набавка ја водеа стручни кадри од Oпштината. Уплатено е учество од 300.000 денари, а бидејќи досега ова јавно претпријатие исплаќаше огромни средства за извршени услуги од други оператори, се надевам ќе биде во добра кондиција да ги отплаќа ратите за исплата на набавката, информира градоначалникот на општина Кратово, Љупчо Бојаџиев.

Според него, со оглед на тоа што ова е единствена набавка на возило за „Комуналец“, има извонредно значење за извршување на работите на претпријатието.

-Интенцијата беше возило со дополнителна опрема, нож за чистење снег и соларка. Ова возило да придонесе и за заштеда на активности за зимско одржување, средства кои досега се исплаќаа на приватни фирми од таа дејност, додаде Бојаџиев.

Според него, сама по себе, ваквата инвестиција за ЈП „Комуналец“ Кратово ќе биде повратна. ид/мд/

Back to top button
Close
Close