Svet.SlajderСветСвет.Портал

На Западниот брег убиен Палестинец кој сакал да прегази полицаец

Во нападот полесно е повреден полицискиот службеник, соопшти портпаролот на полицијата, додавајќи дека инцидентот се случил на контролниот пункт на израелската армија во близина на градот Абу Дис, источно од Ерусалим, јавија британските медиуми.

Ерусалим, 23 јуни 2020 (МИА) – Израелската полиција денеска уби Палестинец, кој, како што соопштија, со својот автомобил се обидел да прегази полицаец во окупираниот Западен Брег.

Во нападот полесно е повреден полицискиот службеник, соопшти портпаролот на полицијата, додавајќи дека инцидентот се случил на контролниот пункт на израелската армија во близина на градот Абу Дис, источно од Ерусалим, јавија британските медиуми.

Палестинските власти се уште не го коментираа случајот.

Во последните недели дојде до интензивирање на тензиите меѓу Израелците и Палестинците, особено со приближувањето на 1 јули, датумот кога владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе почне со реализација на планот за анексијата на Западниот брег, територија што Израел ја освои во војната во 1967 година, а Палестинците сакаат да биде дел од нивната иднина држава. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close