ЕвропаЕвропа.Портал

Најверојатно Шпанија е погодена од втор бран на Ковид-19

Шпанските здравствени власти предупредија дека е можно да се случува вториот бран на Ковид-19, бидејќи Франција, Германија и Белгија пријавија пораст на новозаболени лица

Мадрид, 24 јули 2020 (МИА) – Шпанските здравствени власти предупредија дека е можно да се случува вториот бран на Ковид-19, бидејќи Франција, Германија и Белгија пријавија пораст на новозаболени лица.

Шпанското Министерство за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се 971 нови случаи, што е најголем дневен пораст од укинувањето на вонредната состојба кон крајот на јуни, како и оти во земјата има 281 жариште на новиот коронавирус.

– Можно е да имаме втор бран, но тоа не е најважно. Најважно е да продолжиме да следиме што се случува, да видиме кои мерки се неопходни и да ги преземе навремено, изјави заменик директорката на Координативниот центар за здравствени предупредувања и вонредни состојби при шпанското Министерство за здравство,. Марија Хосе Сиера. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close