Дописници МКДОпштински вести

На велешко езеро „Младост“ се одржа симултана вежба, спасување од вода

По повод 16-годишнината од формирањето на Дирекцијата за заштита и спасување вчера во водите на велешко езеро „Младост“ беше спроведена симултаната вежба спасување од вода.Во вежбата учествуваа Тимови за брз одгвоор ТМО на Велес и Кочани, информираат денеска од Општина Велес.

Велес, 18 мај 2021 (МИА) – По повод 16-годишнината од формирањето на Дирекцијата за заштита и спасување вчера во водите на велешко езеро „Младост“ беше спроведена симултаната вежба спасување од вода.Во вежбата учествуваа Тимови за брз одгвоор ТМО на Велес и Кочани, информираат денеска од Општина Велес.

На вежбата, организирана од Дирекцијата за заштита и спасување,  директорот на Дирекцијата Беким Максути  го пречека и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски и претставници на Советот на Општина Велес, кои присуствуваа на вежбата..

Исто така од страна на Директорот Максути  и заменик директорот Зулфиќар Зејнулаи заедно со претставници на Шумското стопанство „Бабуна“, од Велес  беа посадени и шестнаесет садници од јасен во близина на езерото Младост“, информираат од Општина Велес.ад/скс/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close