Дописници МКДОпштински вести

На велешко езеро „Младост“ од овој викенд ќе работи Спасителната служба на „Македонски спасител“

За безбедноста на капачите во водите на езерото „Младост” од овој викенд ќе се грижат по двајца спасители од Здружението за безбедност на вода и планина „Македонски спасител“.

Велес, 23 јули 2021 (МИА) – За безбедноста на капачите во водите на езерото „Младост” од овој викенд ќе се грижат по двајца спасители од Здружението за безбедност на вода и планина „Македонски спасител“.

Тие ќе работат секој викенд и за празниците. Работата на спасителната служба ќе биде врз основа на потпишан меморандум за соработка помеѓу ова здружение и Општина Велес од 22 септември лани, а по поднесен предлог проект како невладина организација.

Сето тоа уследи откако претходно МИА во неколку наврати пишуваше дека на езерото на функционира Спасителна служба и дека со тоа е ставена во прашање безбедноста и животите на капачите.

Како што појасни за МИА, Ангелче Пановски тие барале од Општина Велес да склучи со нив договор за работа за нивната Спасителна служба на велешко езеро „Младост“ да биде присутна секој ден во неделата, но таков договор не бил потпишан.

Друг проблем е и наполу пресечената спасителна кула во близина на првата плажа од која посматраат членовите на „Македонски спасител“ .

Тие бараа од Општината Спасителната кула која тие самите ја изградија во 2013 година, Општина Велес да им ја обнови. Дотогаш членовите на Спасителната служба на „Македонски спсител“ ќе мора да осматраат како знаат и умеат.

-Очекуваме дека дека Општина Велес, сепак ќе ни помогне со минимални средства истата да биде реконструирана, потенцира Пановски.

Инаку поради немање на Спасителната служба на велешко езеро „Младост“ ланското лето на 11 јули се удави 28 годишно момче од Скопје. Да работеше Спасителната служба голема е веројатноста, момчето ќе беше спасено потенцираа од „Македонски спaсител“.

Освен од Велес, Скопје на велешко езеро „Младост“ доаѓаат капачи од повеќе градови во земјава па и странци најчесто од Србија и други земји, а кои се на пропатување кон Грција па на ден наоѓаат разладување и рекреација во водите на велешкото езеро „Младост“.ад/см/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close