Дописници МКДОпштински вести

На велешко езеро „Младост“ никнуваат депонии од секаков вид на смет

Општина Велес во соработка со ЈКП „Дервен“ мака мачи со несовесни граѓани кои фрлаат  секаков вид на отпад на рекреативното езеро „Младост“, единственото рекреативно катче за велешани и бројни посетители од земјава.

Велес, 25 мај 2020 (МИА) – Општина Велес во соработка со ЈКП „Дервен“ мака мачи со несовесни граѓани кои фрлаат  секаков вид на отпад на рекреативното езеро „Младост“, единственото рекреативно катче за велешани и бројни посетители од земјава. Од таму информираат дека на езерото Младост од страната на Отовичка плажа деновиве  беа откриени нови диви депонии. Поради тоа ЈКП „Дервен“, во изминатата недела отстраните  8 м3 габаритен отпад од страната на Отовичка плажа и 7 м3 градежен шут на излетничкиот простор над езерото.

Дополнително од Општина Велес информираат дека за време на викенд за едно деноноќие од јавните површини на велешко езеро „Младост“ , од несовесните посетители се собира по еден полн трактор отпад, а иако таму од неодамна работат и двајца вработени од ЈКП „Дервен“ кои редовно го отстрануваат сметот од видиковците и патеките.

Исто така од Општина Велес потенцираат дека иако општината е  должна професионално да ги извршува активностите за одржување на јавната чистота и постапувањето со отпадот, тие велат дека постојат моменти на обесхрабрување кога ќе се детектираат депонии со санитарии, мебел, стара облека во природата која нуди многу можности за рекреација.

Ако сакаме да престојуваме во чиста и здрава животна средина мора да ги менуваме навиките, потенцираат од Општина Велес.

Додаваат  дека во оваа трка “фрлај-чисти” сите сме губитници.

– Наместо да ги пренасочат финансиските средства во активности со потрајни вредности, средства од буџетот на општината се трошат да се собере исфрлениот и напуштен отпад и да се доведе животната средина во задоволителна состојба,појаснуваат од општината

Минатиот август во големиот шумски, боровата шума над велешко  езеро „Младост“  претрпе голема штета. Затоа сега се прават напори за нејзино обновување како и на целокупната опожарена природа.

–  Во овие тешки времиња кога поради Ковид-19  движењето е ограничено, езерото „Младост“ е најголемиот и најзначаен локалитет за престој во природата на велешани, и други посетители. Затоа, Ве молиме бидете општествено одговорни и не ја загадувајте природата,апелираат од Општина Велес. ад/оџ/

Back to top button
Close
Close