Дописници МКДОпштество

На вакциналниот пункт во Велес со кинеската „Синофарм“ секој ден се вакцинираат 120 лица

 На вакциналниот пункт во здравствениот дом во Велес од вчера продолжи вакцинирањето со кинеската „Синофарм“ кое беше прекинато за Велигденските празници. - Во терминот од 8:00 до 13:30 часот секој ден се вакцинираат по 120 лица, а од оваа пратка вакцини има до сабота, информира за МИА, доктор Пандели Божиков од пунктот за вакцинација.

Скопје, 6 мај 2021 (МИА) – На вакциналниот пункт во здравствениот дом во Велес од вчера продолжи вакцинирањето со кинеската „Синофарм“ кое беше прекинато за Велигденските празници.

– Во терминот од 8:00 до 13:30 часот секој ден се вакцинираат по 120 лица, а од оваа пратка вакцини има до сабота, информира за МИА, доктор Пандели Божиков од пунктот за вакцинација.

Со оваа пратка се вакцинираат сите возрасти и под 75 години кои се пријавени преку vakcinacija.mk . Сите вакцинирани веднаш добиваат и термин за втора вакцинација.

Претходно, со „Астра Зенека“ биле вакцинирани 1.240 лица над 75-годишна возраст од велешкиот поширок регион во кој се вклучени жители од Општина Велес и општините Градско и Чашка, а со првата пратка од кинеската вакцина „Синофарм“ вакцинирани се 240 лица.

Од вакциналниот пункт во Велес велат дека лицата кои добиле покана да се вакцинираат во регионалниот пункт во Кавадарци или други градови, треба да се обратат кај своите матични лекари или повторно да се пријават нa vakcinacija.mk .

Од 15 мај, според најавите, се очекува да биде отворен и регионален пуктн за масовно вакцинирање во спортската сала во Велес. ад/бак/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close