0_Магазин.ПорталЗанимливости

На убавите луѓе им е тешко да бидат среќни во љубовта

Урбаната легенда вели дека убавите луѓе полесно минуваат низ сè во животот... Но, се чини дека ним на љубовен план, баш и „не им цветаат рози“.

Харвард, 16 ноември 2019 (МИА) – Урбаната легенда вели дека убавите луѓе полесно минуваат низ сè во животот… Но, се чини дека ним на љубовен план, баш и „не им цветаат рози“.

Истражување на Универзитетот Харвард ги посочува причините зошто оние кои се сметаат за натпросечно убави, потешко остваруваат успешни и долготрајни врски.

Стручните лица појаснуваат дека тоа е така основна причина за тоа е што убавците и убавиците полесно пронаоѓаат партнер и релативно бргу влегуваат во врска. Но, честопати тоа и кусо трае поради „заканите однадвор”. Односно, тоа значи дека атрактивните луѓе едноставно имаат повеќе избор, па им е тешко да „се смират“ само со една личност.

При спроведувањето на ова истражување, научниците заклучиле дека ист е случајот и кај познатите и кај оние „обичните“ луѓе. Едноставно, поубавите се посклони кон авантури, но неретко се и сами. си/ссм/

Таг
Back to top button
Close
Close