0_Македонија.ПорталОпштество

Најтопло во Демир Капија, измерени 37 степени

Температурата на воздухот денеска во Демир Капија се искачи на 37 степени, а во Тетово, Струмица, Скопје, кај Зајчев Рид и во Гевгелија се регистрирани 36 степени Целзиусови. Според мерењата на УХМР, во Штип и Битола максималната температура била 35, во Прилеп и Виница - 34, Маврови Анови, Охрид и Претор - 32, Крива Паланка - 31, Берово - 30, Крушево -28 и 26 во Лазарополе.

Back to top button
Close
Close