0_Македонија.ПорталДописници МКДХроникаХроника.Портал

На територијата на СВР Велес осум граѓани го прекршиле полицискиот час

Вкупно осум прекршувања се регистрирани синоќа за време на полицискиот час на територијата на СВР Велес, од нив во Кавадарци пет, а во Велес три. Во Неготино не бил регистриран ниту еден прекршок.

Велес 31 март 2020 (МИА) – Вкупно осум прекршувања се регистрирани синоќа за време на полицискиот час на територијата на СВР Велес, од нив во Кавадарци пет, а во Велес три. Во Неготино не бил регистриран ниту еден прекршок.

Од СВР Велес информираат дека против прекршителите ќе бидат превземени санкции.

Инаку, на територијта на СВР Велес 353 граѓани се во самоизолација кои се под контрола на полицијата. Од нив 122 се во Велес, во Кавадарци 127 и во Неготино 104 граѓани. ад/вг/

Back to top button
Close
Close