0_Македонија.ПорталОпштински вестиСкопје

На територија на Град Скопје интервенции за 16 пожари, сите локализирани

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје (БППЗ) објави дека денеска на територија на Град Скопје имаше 16 интервенции за краток период од 13 часот до 18 часот и оти сите се локализирани.

Скопје, 2 август 2021 (МИА) – Територијалната противпожарна единица на Град Скопје (БППЗ) објави дека денеска на територија на Град Скопје имаше 16 интервенции за краток период од 13 часот до 18 часот и оти сите се локализирани.

Пожарна Скопје исто така информира дека во помош на гаснење на пожарот во Старо Нагоричане се испратени две возила и дополнителни сили.

– Во помош праќаме и три возила и 15 пожарникари за Кочани каде состојбата со пожарот е сериозна, објави Пожарна Скопје на својата Фејсбук страница.

Апелираат на совеснпст до граѓаните и оти секое мало невнимание на овие високи температури може да предизвика катастрофа во овој период. нд/

Фото: Пожарна Скопје

 

Back to top button
Close
Close