Svet.SlajderСветСвет.Портал

На Тајланд уапсени шест луѓе за ширење лажни вести

На Тајланд досега уапсени се шест лица од различни делови на земјата поради ширење лажни вести за коронавирусот, изјави денеска тајландскиот министер за дигитална економија и општество, Будионгос Пунаканта

Бангкок, 6 февруари 2020 (МИА) – На Тајланд досега уапсени се шест лица од различни делови на земјата поради ширење лажни вести за коронавирусот, изјави денеска тајландскиот министер за дигитална економија и општество, Будионгос Пунаканта.

Тој истакна дека последниот случај била 30 годишна жена, која наводно на својот Фејсбук профил објавила дека открила луѓе заразени од коронавирусот во областа Муанг и нејзината објава за брзо време се проширила на социјалните мрежи и порталите без претходно да биде проверена.

Според Пунаканта, објавувањето и ширењето лажни вести може да предизвика паника во јавноста, што може да доведе до погрешно спречување на вирусот и дискриминација на луѓето со обичен вирус.

Пунаканта додаде дека пласирањето лажни вести е кршење на членот 14 од Законот за кривични дела поврзани со интернет, со кој е предвидена казна од околу 3.200 долари или пет години затвор.

Владата на Тајланд формираше посебен центар кој заедно со полицијата ќе работи на откривање лажни вести. ки/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close