СветСвет.Портал

На Тајланд шест нови случаи на коронавирус

Тајландските власти потврдија шест нови случаи на заболени од коронавирус, од кои четири се тајландски, а двајца се кинески државјани.

Бангкок, 4 февруари 2020 (МИА) – Тајландските власти потврдија шест нови случаи на заболени од коронавирус, од кои четири се тајландски, а двајца се кинески државјани.

Според Министерството за здравство, две од четири заболени лица од Тајланд неодамна биле во Јапонија, а двајца возачи биле заразени додека превезувале кинески туристи.

Со овие шест новозаболени, вкупниот број заразени лица на Тајланд достигна 25. ссм/

Back to top button
Close
Close