0_Магазин.ПорталЗанимливости

Најстариот човек на светот го прослави 112. роденден во самоизолација

Најстариот човек на светот Боб Вајтон денеска го прослави својот 112. роденден во самоизолација поради пандемијата на коронавирусот.

Лондон, 29 март 2020 (МИА) – Најстариот човек на светот Боб Вајтон денеска го прослави својот 112. роденден во самоизолација поради пандемијата на коронавирусот.

Вајтон, поранешен учител и инженер од Хемшир, јужна Англија, е роден во 1908 година.

Тој ги преживеа епидемиите на шпанска треска, колера и сипаници и сега се наоѓа во карантин во својата куќа за време на коронавирусот, јави Би-Би-Си.

Минатата година го прослави својот 111. роденден со многу пријатели во неговиот стан, но оваа година ќе биде поинаков роденден.

– Се е откажано, нема гости, нема прослава, рече Вајтон. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close