0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

На седница во 17 часот ќе се одлучува дали ќе има 58-часовен карантин за викендот

Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека денеска, на владина седница во 17 часот, ќе се одлучува колку ќе трае карантинот за претстојниот продолжен викенд.

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека денеска, на владина седница во 17 часот, ќе се одлучува колку ќе трае карантинот за претстојниот продолжен викенд.

Спасовски уште еднаш нагласи дека одлуките во однос на ситуацијата со коронавирусот се носат исклучиво врз основа на оценките на науката, на стручните луѓе и во тој контекст сите партии имаат речиси идентичен став, освен претставникот на опозицијата.

-Има препорака пред три дена од Комисијата за заразни болести во однос на карантинот, но за денеска одлучив да ја закажам седницата на Владата. Нема други причини, ниту недоразбирања, ниту различни ставови, прилично сме унисони дека треба да носиме одлука верз основа на науката, а не врз основа на политиката. Скоро 100 отсто, освен претставникот на опозицијата. И досега, не само што се повикувавме, туку и го носевме одлуките врз основа на стручните луѓе, истакна Спасовски кој денеска присуствуваше на предвањето на донацијата на респиратори на Клиниката за инфективни болести.

Тој потенцира дека политички одлуки не се решение на здравствени проблеми. мч/са/

Изјави на Спасовски, Филипче и Османи

Posted by MИА.mk on Петок, 22 мај 2020

 

Back to top button
Close
Close