Дописници МКДОпштество

На пунктот во Велес досега вакцинирани 700 лица над 76 годинишна возраст

На вакциналниот пункт во поранешната „Ушна амбуланта“ на ЈЗУ Здравствен дом во Велес од 30 март до вечерва  до 18 часот со вакцина „Астра Зенека“ против Ковид-19 се вакцинирани 700 лица над 76 годишна возраст од Велес и велешкиот поширок регион, во кој се вклучени и лица од општините Градско и Чашка.

Велес, 16 април 2021 (МИА) – На вакциналниот пункт во поранешната „Ушна амбуланта“ на ЈЗУ Здравствен дом во Велес од 30 март до вечерва  до 18 часот со вакцина „Астра Зенека“ против Ковид-19 се вакцинирани 700 лица над 76 годишна возраст од Велес и велешкиот поширок регион, во кој се вклучени и лица од општините Градско и Чашка.

Како што информира за МИА д-р  Виолета Петкова, вакцинацијата се одвива според сите протоколи, во најдобар ред и без последици по здравјето на вакцинираните.

-На списокот секој ден преку „Мој термин“ се запишани по 60 кандидати за вакцинирање, а во просек идат по 50, па и повеќе. Од осум до 10 кандидати секој ден се откажале или биле спречени да дојдат на закажаниот термин за вакцинација. Некои од нив биле презакажани и дошле за вакцинација веќе следниот ден или повторно се пријавиле за понатаму преку „Мој термин, информира д-р Петкова.

Вакцинацијата се одвива од понеделник до петок од 8:00 до 18:00 часот, а во вакцинацијата се вклучени две медицински екипи со лекари и медицински сестри.

-Тие во понеделникот добија дополнителни 400 дози вакцини „Астра Зенека“, од кои  се останати уште стотина. Овие преостанати дози  ќе бидат потрошени до понеделник кога чекаат и нови инструкции од Министерството за здравство за продолжување на вакцинацијата, рече д-р Петкова.

По примањето на првата доза на лицата што се вакцинирале им се закажува ревакцинација со „Астра Зенека“ за три месеци.ад/вј/

Back to top button
Close
Close