Дописници МКДОпштински вести

На првиот уписен рок за средношколците во Кочани најзаинтересирани за компјутерска техника и автоматика

По завршувањето на првото пријавување за упис во средните училишта, во Кочани најатрактивна се покажа насоката за компјутерска техника и автоматика во СОУ „Гошо Викентиев“.

Кочани, 18 јуни 2020 (МИА) – По завршувањето на првото пријавување за упис во средните училишта, во Кочани најатрактивна се покажа насоката за компјутерска техника и автоматика во СОУ „Гошо Викентиев“.

Во ова училиште пријави поднеле вкупно 152 ученика, од кои најголем број, вкупно 97, во електроструката, во сообраќајната 33 ученици, а во машинската 22. Веќе традиционално, најпривлечна е насоката за компјутерска техника и автоматика, каде за 34 места конкурираат 47 ученика. За занимањата, односно за тригодишно образование, засега се пријавени 12 ученика.

По првото пријавување во првиот уписен рок, во Гимназијата „Љупчо Сантов“ се пријавиле 129 ученици, од кои за насоката економски техничар 61 ученик, а за општа гимназија 68. Во однос на лани, забележан е зголемен интерес за економската струка.

Двете средни училишта очекуваат да го задржат истиот број паралелки како и минатата учебна година, осум во СОУ „Љупчо Сантов“, девет во „Гошо Викентиев“.

Второто пријавување од првиот уписен рок е на 24 и 25 јуни, а вториот уписен рок на 29 јуни. та/ир

Таг
Back to top button
Close
Close