Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

На протестите во Бугарија уапсени шест лица

На денешните протести против корупцијата, Владата и државниот обвинител во Бугарија се уапсени шест лица затоа што наводно носеле забранети предмети.

Софија, 10 септември 2020 (МИА) – На денешните протести против корупцијата, Владата и државниот обвинител во Бугарија се уапсени шест лица затоа што наводно носеле забранети предмети.

Протестите се одржуваат во главниот град на Бугарија веќе 64 дена, а учесниците почнаа да се собираат на главниот плоштад утрово во нешто поголем број од вообичаено.

Голем број полицајци се присутни околу зградите на Парламентот, Владата и Претседателството, а како што е наведено, при претресот во областа полицијата пронашла метални цевки, вреќи полни камења и стаклени шишиња, дрвени шипки, два ножа, стап и сад со пет литри неидентификувана течност со силен мирис.

Денешниот протест е продолжение на „Големото национално будење“ одржано на 2 септември, кога илјадници демонстранти маршираа по улиците барајќи оставка од владата на Бојко Борисов и главниот државен обвинител Иван Гешев.

Бугарскиот претседател Румен Радев на својот Фејсбук профил напиша дека протестите им припаѓаат на сите луѓе на улица и на луѓето кои не се „шверцери или мафијаши“ и „кои сакаат да ја вратат контролата во својата држава“. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close