Политички партии

На прав пат сме, стапката на невработеност на историски најниски 17,1 отсто

Економските политики и мерки на СДСМ даваат реални и видливи резултати.  Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека стапката на невработеност изнесува 17,1 отсто. 

Скопје, 7 декември 2019 
 

Економските политики и мерки на СДСМ даваат реални и видливи резултати. 

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека стапката на невработеност изнесува 17,1 отсто. 

Тоа е историско најниско ниво на невработеност.

За нешто повеќе од две години отворени се над 54.000 работни места доминантно во приватниот сектор.

Со официјалното членство во НАТО но и со активните мерки за вработување на Владата предводена од СДСМ ваквиот тренд на опаѓање на невработенсота ќе продолжи да се намалува и во следната година. 

На прав пат сме, продолжуваме да градиме развојна и конкуретна економија и да поттикнуваме економски раст и развој и отворање на нови работни места со што придонесуваме за дополнителен пад на стапката на невработеност.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close