0_Македонија.ПорталОпштество

На повеќе локации низ Скопје осамнаа транспаренти за подигнување на свеста за заштита од коронавирусот

На повеќе локации изутринава во Центар и Чаир и по должината на реката Вардар осамнаа поголем број на транспаренти со пораки насочени кон подигнување на свесноста за личната одговорност во борбата со коронавирусот.

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – На повеќе локации изутринава во Центар и Чаир и по должината на реката Вардар осамнаа поголем број на транспаренти со пораки насочени кон подигнување на свесноста за личната одговорност во борбата со коронавирусот.

Транспарентите, изработени на македонски и албански јазик, се поставени на мостови и надвозници на најфреквентни локации, каде поминуваат голем број граѓани.
Оваа иницијатива доаѓа во момент кога здравствените работници и соодветните државни служби водат огромна битка за зачувување на здравјето на граѓаните на Северна Македонија, но и во моменот кога во земјава во тек е кампања за превдремените парламетарни избори.  ац/

Back to top button
Close
Close