0_Спорт.ПорталФудбал

Најпосле на „Олд Трафорд“: Фернандеш во Манчестер Јунајдет за 65 милиони евра

Довчерашниот играч од средниот ред на Спортинг Лисабон и дефинитивно е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед. Сега и официјално, откако двата клуба ги надминаа несогласувањата околу трансферот.

Манчестер, 30 јануари 2020 (МИА) – Довчерашниот играч од средниот ред на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш и дефинитивно е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед. Сега и официјално, откако двата клуба ги надминаа несогласувањата околу трансферот.

Агентот на фудбалерот, Мигел Рубен Пињо ја потврди преселбата на неговиот клиент на Островот со објава на Инстаграм каде постави фотографија на Фернандеш во тренерка на „црвените ѓаволи“.

Португалецот би можел да дебитира за Манчестер Јунајтед веќе во сабота во натпреварот против Вулверхемптон. сѓд/

Таг
Back to top button
Close
Close