Дописници МКДОпштински вести

На подрачјето на СВР Велес казнети 99 лица за неносење заштитни маски

Во изминатото деноноќие за непочитување на уредбата за носење лична заштита, заштитна маска, на подрачјето на СВР Велес казнети се вкупно 99 лица, и тоа 50 во Велес, 28 во Кавадарци и 21 во Неготино.

Велес, 23 јуни 2020 (МИА) – Во изминатото деноноќие за непочитување на уредбата за носење лична заштита, заштитна маска, на подрачјето на СВР Велес казнети се вкупно 99 лица, и тоа 50 во Велес, 28 во Кавадарци и 21 во Неготино.

Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски во период 22/23 јуни 2020 година има 16 новорегистрирани лица со решениe за изолација, и тоа 13 во Велес и три во Неготино, а со изјава за самоизолација има 26 нови лица, 25 во Велес и едно во Неготино.

Вкупно решенија за изолација имаат 141 лице, од кои 92 во Велес, 24 во Кавадарци и 25 во Неготино, а изјава за самоизолација потпишале вкупно 127 лица, од нив 70 во Велес, 45 во Кавадарци и 12 во Неготино.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што сите ги почитувале овие мерки. ад/мс/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close