Дописници МКДОпштински вести

На подрачјето на СВР-Струмица драстично е намален бројот на прекршителите на забраната за движење

Само шест граѓани ја прекршиле наредбата за движење во определен период на подрачјето на СВР-Струмица изминатото деноноќие, соопштија денеска од полицијата.

Струмица, 31 март 2020 (МИА) – Само шест граѓани ја прекршиле наредбата за движење во определен период на подрачјето на СВР-Струмица изминатото деноноќие, соопштија денеска од полицијата.

Од овие лица, четири се затекнати на подрачјето на Полициската станица Радовиш и по едно во Струмица и Гевгелија, а во просториите на полициските станици е приведено едно лице.

За споредба, ноќта меѓу 29 и 30 март забраната ја прекршиле 31 лице, што е за 27 лица помалку само за 24 часа.

Од полицијата до надлежните обвинителства вчера се поднесени и три кривични пријави против шест лица кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење. Од нив две пријави против три лица се поднесени до Основното јавно обвинителство Радовиш и една пријава против три лица до ОЈО Валандово. рт/мс/

Back to top button
Close
Close