Дописници МКДОпштински вести

На пет локации над велешко езеро „Младост“ се поставуваат хидранти за наводнување и заштита од пожари

Општина Велес во соработка и изведба на стручните служби на ЈКП „Дервен“, а со стручно мислење од велешката Територијална противпожарна единица, на  пет локации на езеро „Младост”  поставува хидранти за наводнување на засадените садници на дрвца со кои е пошумено подрачјето опожарено во катастрофалниот шумски пожар минатото лето, како и за  превенција од пожари.

Велес, 15 мај 2020 (МИА) – Општина Велес во соработка и изведба на стручните служби на ЈКП „Дервен“, а со стручно мислење од велешката Територијална противпожарна единица, на  пет локации на езеро „Младост” поставува хидранти за наводнување на засадените садници на дрвца со кои е пошумено подрачјето опожарено во катастрофалниот шумски пожар минатото лето, како и за превенција од пожари.

Како што информираат од Општина Велес, хидрантите се поставуваат во Еко-кампот од проектот „Паметно езеро Младост”, на пристапниот пат кон него во непосредна близина на пошумената површина, во близина на бродот „Панини” и ресторанот „Глориус”, наспроти хотелот „Романтик” и во близина на академија „Прокредит” и Сателитската населба.

Тие појаснуваат дека хидрантите се поставени на водоснабдителниот систем за езерото, кој е предаден на управување на ЈКП „Дервен“ и е дел од градскиот водоснабдителен систем. Според Општината, притисокот во системот е константно 6 до 7 бари и не се очекуваат проблеми со снабдувањето со вода.

Како што најави  градоначалникот Аце Коцевски на  одредени површини размислуваат да постават систем капка по капка за континуирано наводнување во текот на летото, но доколку тоа не се случи пошумениот млади дрвца ќе ги наводнуваат од  цистерни со вода. ад/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close