0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderДописници СветПолитикаХроникаХроника.Портал

На пат за Копаоник се преврте македонски автобус, има повредени

Едно лице е тешко повредено, а 11 се полесно повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Прокупље - Блаце, кај Белољин, кога околу 10 часот се преврте автобус од Северна Македонија, кој превезувал патници до Копаоник, јавува РТС.

Белград, 7 декември 2019 (МИА) – Едно лице е тешко повредено, а 11 се полесно повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Прокупље – Блаце, кај Белољин, кога околу 10 часот се преврте автобус од Северна Македонија, кој превезувал патници до Копаоник, јавува РТС.

Според првичните информации, едно лице е тешко повредено и е пренесено во болница во Прокупље. Единаесет лица со полесни повреди и се згрижени во Здравствениот дом во Блаце.

-Екипата за Итни случаи на нашиот здравствен центар веднаш излезе на теренот, им помагна на повредените и во тек е нивна згрижување, велат од Здравствениот дом во Блаце.

Засега не е позната причината за несреќата, а овој пат, на кој има чести сообраќајни несреќи, е во фаза на реконструкција од минатиот месец, со посебен режими на сообраќај во зависност од работите. об/дма/

Back to top button
Close
Close