0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

На Јовиќ му се закануваат шест месеци затвор, покренато обвинение

Тој е обвинет за кривично дело непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата, прецизираа од обвинителството за „Танјуг“.

Белград, 22 октомври 2020 (МИА) – Првото основно јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, обвинувајќи го за кршење на самоизолацијата во Србија во март годинава.

Тој е обвинет за кривично дело непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата, прецизираа од обвинителството за „Танјуг“.

Со обвинението, обвинителството му предложи на судот Јовиќ да биде осуден на шест месеци затвор.

Кривичната пријава против Јовиќ беше поднесена во текот на првата недела по воведувањето на вонредната состојба, откако тој требаше да помине две недели во самоизолација по враќањето во Белград, што не го стори.

До обвинението дојде затоа што фудбалерот не се согласил на можноста – отфрлање на кривичната пријава, со плаќање на глоба од 3,5 милиони динари.

Обвинителството најави дека ќе објави повеќе детали за овој случај во петок.

Таг
Back to top button
Close
Close