0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт.Слајдер

На Олимпијадата во Токио поставен рекорд во број на држави со освоени медали

На Олимпијадата во Токио денес е поставен рекорд со најмногу земји што освоиле медали.

Токио, 5 август 2021 (МИА) – На Олимпијадата во Токио денес е поставен рекорд со најмногу земји што освоиле медали.

По финалната трка во атлетика на 400 метри за мажи, Бахамите и Гренада ги освоија своите први медали. Така, спортистите од 88 земји досега се одликуваа со златно, сребрено или бронзено одличје на Олимпијадата.

Игри во Токио се одржуваат од 23 јули до 8 август. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close