0_Македонија.ПорталОпштество

Најмногу дожд во Охрид, северен ветер и утре

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Охрид - 19 литри на метар квадратен. Синоптичарите и за денеска најавуваат слично време со повремени локални врнежи од дожд и засилен северен ветер, особено во источните делови.  Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.

Скопје, 3 мај 2020 (МИА) – Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Охрид – 19 литри на метар квадратен. Синоптичарите и за денеска најавуваат слично време со повремени локални врнежи од дожд и засилен северен ветер, особено во источните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утринава најстудено е во Лазарополе каде е измерен само еден степен над нулата.

Северен ветер ќе дува и утре, а потоа ќе настапи стабилизирање на времето освен во среда кога повторно ќе има услови за локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. бак/

Back to top button
Close
Close