0_Македонија.ПорталВременска прогнозаИнфопакетОпштество

Најмногу дожд во Куманово, попладне грмежи и засилен ветер

Во изминатите 24 часа најмногу дожд има наврнато во Куманово - 17 литри на метар квадратен, 14 во Битола, 10 во Крива Паланка, 6 во Крушево, Пожаране - 5, Скопје-Зајчев Рид 3, 2 во Ѓуриште и 1 во Тетово.

Скопје, 3 јули 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа најмногу дожд има наврнато во Куманово – 17 литри на метар квадратен, 14 во Битола, 10 во Крива Паланка, 6 во Крушево, Пожаране – 5, Скопје-Зајчев Рид 3, 2 во Ѓуриште и 1 во Тетово.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени. УВ индексот – 8.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

До средината на наредната седмица нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималните температури ќе бидат во интервал од 13 до 21 степени, а максималните ќе достигнат до 33 степени.фф/са/

 

Back to top button
Close
Close