Временска прогнозаОпштество

Најмногу дожд во Дојран 31 литар, во Скопје пет

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнал во Дојран 31 литар на метар квадратен. Во Струмица наврнале 27 литри, во Демир Капија 23, Берово 21, Прилеп 15, во Битола и Штип по 12 и во Скопје пет литри, соопшти УХМР.

Скопје, 4 јануари 2021 (МИА) – Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнал во Дојран 31 литар на метар квадратен. Во Струмица наврнале 27 литри, во Демир Капија 23, Берово 21, Прилеп 15, во Битола и Штип по 12 и во Скопје пет литри, соопшти УХМР.

Температурата изутринава секаде е над нулата. Најстудено е во Крушево еден степен, а најтопло во Дојран 12 степени Целзиусови.

Облачно со врнежи од дожд ќе биде и денеска. Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови (локално над 30 л/м2) каде ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи и засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег и снежната покривка ќе се зголемува. До крајот на денот почнувајќи од запад врнежите ќе престануваат и облачноста делумно ќе се намали. Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд, попладне врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец Максималната температура ќе достигне до 8 степени.са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close