Svet.SlajderСветСвет.Портал

Најмалку три лица загинаа при вооружен напад во Кабул

Непознати вооружени напаѓачи денеска во Кабул убија три лица од огнено оружје, соопшти авганистанската полиција

Кабул, 8 март 2020 (МИА) – Непознати вооружени напаѓачи денеска во Кабул убија три лица од огнено оружје, соопшти авганистанската полиција.

При инцидентот загина членот на покраинскиот совет на Логар, Насер Гајрат и двајца негови телохранители, а еден е повреден.

Се уште никој не презеде одговорност за нападот.

Во петокот најмалку 32 цивли загинаа, 180 беа повредени откако двајца вооружени мажи отворија оган на церемонијата со кој се одбележуваше годишнината од убиството на шиитскиот лидер Абдулах Али Мазари. За тој напад одговорност презеде Исламска држава. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close