Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Најмалку шестмина убиени во пукање во Германија

Најмалку шест лица се убиени, а повеќемина се повредени во пукање во германскиот град Рот ам Зе, јави ДПА.

Берлин, 24 јануари 2020 (МИА) – Најмалку шест лица се убиени, а повеќемина се повредени во пукање во германскиот град Рот ам Зе, јави ДПА.

Германската полиција на Твитер соопшти дека напаѓачот е уапсен.

Според првичните информации се верува дека пукањето било поврзано со лични причини и се верува дека нема други напаѓачи.

Полицијата соопшти дека по инцидентот, кој се случи малку по пладне по локално време, во тек е голема операција. ссм/

Back to top button
Close
Close