Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Најмалку шестмина убиени во пукање во Германија (ДПЛ)

Најмалку шест лица се убиени, а повеќемина се повредени во пукање во германскиот град Рот ам Зе, јави ДПА.

Берлин, 24 јануари 2020 (МИА) – Најмалку шест лица се убиени, а повеќемина се повредени во пукање во германскиот град Рот ам Зе, јави ДПА.

До нападот со огнено оружје на југот на Германија дојде околу 12.45 часот по локално време, а напаѓачот (36) е уапсен.

Локалните медиуми наведуваат дека до пукањето дошло до ресторан во Бахнофштрасе. Според пишувањето на „Билд“, кога полицијата дошла на местото на настанот во просторијата и на улицата лежеле мртви и ранети.

Според засега непотврдени информации, станува збор за семејна кавга, при што жртви се членови на семејството.

Рот ам Зе е гратче со нешто над 5.000 жители. Во новата објава, полицијата соопшти дека операцијата е сè уште во тек и ги повика граѓаните да се воздржат од нагаѓање. ссм/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close