СветСвет.Портал

Најмалку шест пакистански војници загинаа при напад на сепаратистите

Во напад врз складиште со нафта и гас во пакистанската провинција Балуџистан загинаа шест пакистански војници, а четворица се повредени

Исламабад, 19 мај 2020 (МИА) – Во напад врз складиште со нафта и гас во пакистанската провинција Балуџистан загинаа шест пакистански војници, а четворица се повредени.

Одговорност за нападот презеде сепаратистичката Ослободителна армија на Балок.

Тоа е втор сепаратистички напад врз пакистанската армија во провинцијата Балуџистан овој месец.

Сепаратистите во Балуџистан се жалат на дискриминација и бараат праведна расподелба на ресурсите и богатствата на провинцијата. ки/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close