Svet.SlajderСветСвет.Портал

Најмалку шест лица загинаа при напад на талибанците во Авганистан

Најмалку шест лица загинаа, а петмина се повредени во напад на талибанците во авганистанската северна провинција Балх, на третиот ден од „намалување на насилството“

Кабул, 24 февруари 2020 (МИА) – Најмалку шест лица загинаа, а петмина се повредени во напад на талибанците во авганистанската северна провинција Балх, на третиот ден од „намалување на насилството“.

Талибанците утрово нападнаа контролен пункт во областа Чахар Кинт, при што загинаа шестмина, меѓу кои и цивил, изјави гувернерот на округот Салима Мазари.

Седумдневниот период на намалено насилство помеѓу талибанците и САД почна во саботата.

Од почетокот на „намалено насилство“ авганистанските власти соопштија за помали инциденти во провинциите Кандахар, Балх, Урузган и Пактија.

Талибанците денеска киднапираа и гувернер заедно со уште двајца вработени во владата во северната провинција Саманган. Талибанците се уште не презедоа одговорност за киднапирањето.

Претходно, портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид, изјави за германската новинска агенција ДПА, дека за време на еднонеделното „намалување на насилството“ нема да има напади врз поголемите градови, воени корпуси, гарнизони и бази кои припаѓаат на меѓународните сили.

Муџахид додаде дека сите напади надвор од поголемите градови не треба да се сметаат за кршење на намалувањето на периодот на насилство. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close