Svet.SlajderСветСвет.Портал

Најмалку седум жртви во Турција во земјотресот на границата со Иран, Техеран соопшти за 25 повредени

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени по Рихтеровата скала беше регистриран денеска во регион на турско-иранската граница.

Техеран, 23 февруари 2020 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 5,7 степени по Рихтеровата скала беше регистриран денеска во регион на турско-иранската граница.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека најмалку седум лица загинале, а пет други се повредени во земјотресот. Меѓу загинатите  три се деца. Во турските села погодени од земјотресот има урнати куќи.

Техеран соопшти за 25 повредени од кои 10 се хоспитализирани.

Земјотресот се случи во 05.52 часот по локално време на 101 километар источно од градот Ван, во Турција и 32 километри северозападно од иранскиот град Салмас. Земјотресот бил на длабочина од пет километри.

Според изјави на лица од локалното население, земјотресот траел околу 15-25 секунди.

Најмалку седум последователни земјотреси помеѓу 2,3 и 3,7 по Рихтер беа регистрирани во областа. зш/

Back to top button
Close
Close