0_Магазин.ПорталСемејство

Најмалку седум отсто од Европејците сами го празнуваат Божик

Повеќето осамени луѓе во Европа живеат во Италија, Франција, Луксембург, Португалија и Холандија.

Софија, 24 декември 2019 (МИА) – Милиони граѓани на Европската Унија сами ќе го дочекаат Божик и немаат со кого да разговараат за себеси, објави „Евроњуз“.

Според истражување на Европската комисија, околу седум отсто од населението на ЕУ живее во изолација. Повеќето осамени луѓе во Европа живеат во Италија, Франција, Луксембург, Португалија и Холандија.

Во Италија, 13,2 отсто од луѓето изјавиле дека немаат од кого да побараат помош доколку им е потребна, а 11,9 проценти немаат со кого да ги споделат личните проблеми и радости и да разговараат за тоа што ги мачи. Во Франција, 12,3 отсто од луѓето немаат со кого да разговараат.

Стапките на осаменост се најниски во Словачка, Чешка и Шпанија, каде што таа бројка е под три отсто. си/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close