Svet.SlajderСветСвет.Портал

Најмалку седум луѓе загинаа во судирите поради Законот за државјанство

Најмалку седум луѓе загинаа, а околу 150 се повредени во судирите во Њу Делхи за време на протестот поради новиот Закон за државјанство

Њу Делхи, 25 февруари 2020 (МИА) – Најмалку седум луѓе загинаа, а околу 150 се повредени во судирите во Њу Делхи за време на протестот поради новиот Закон за државјанство.

Судирите избија помеѓу поддржувачите и противниците на новиот Закон, а полицијата употреби солзавец и шок бомби да ја растера толпата, која возврати со камења.

Законот за државјанство е спорен бидејќи многумина сметаат дека е дискриминаторски кон муслиманите и дека администрацијата на индискиот премиер Нарендра Моди ја поткопува индиската секуларна традиција. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close