Svet.SlajderСветСвет.Портал

Најмалку осум припадници на ирачката милиција загинаа при воздушен напад во Сирија (ДПЛ)

Неидентификувани авиони нападнаа утрово позиции на проиранските сили во Сирија, при што загинаа осум припадници на ирачката милиција, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права

Дамаск, 10 јануари 2020 (МИА) – Неидентификувани авиони нападнаа утрово позиции на проиранските сили во Сирија, при што загинаа осум припадници на ирачката милиција, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Мета на нападот биле позиции кои им припаѓаат на проиранските милиции во областа Боукамал, во близина на границата со Израел.

Организацијата, чие седиште се наоѓа во Лондон и која ја документира војната во Сирија преку мрежа на активисти на терен, соопшти дека авионите погодиле и магацини со оружје и возила кои им припаѓаат на милициите.

Пријавени се неколку експлозии во пограничното подрачје, но не е познато чии авиони го извршиле нападот.

Засега нема коментари на овие информации од страна на сириски официјални претставници.

Нападот се случува во момент на тензии во тој регион меѓу САД и Иран. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close