СветСвет.Портал

Најмалку осум луѓе загинаа во снежната бура што го зафати источниот дел на САД

Огромна зимска бура го погоди источниот дел на САД, при што загинаа најмалку осум лица.

Вашингтон, 16 ноември 2018 (МИА) – Огромна зимска бура го погоди источниот дел на САД, при што загинаа најмалку осум лица.

Мешавина на дожд, снег и мраз вчера остави пустош од југот до до североисточниот дел на САД, а десетици илјади домови останаа без електрична енергија.

Поради бурата затворени се училиштата, градскиот превоз доцни, а се откажуваат и летови.

– Во одредени делови на Пенсилванија и Нова Англија снежната покривка изнесува од 15 до 30 сантиметри, соопшти Амерканската метеоролошка служба.

Во Индијана, Кентаки, Охајо, Западна Вирџинија, Вирџинија, Пенсилванија и Њу Џерси околу 389.000 корисници останаа без електрична енергија.

Според метеоролозите, снег и смрзнат дожд се очекува во централниот дел на Апалчките Планини кон североисток. А, исто така, снег ќе паѓа и во северниот дел на Среден Атлантик и во државите во североисточниот дел на САД. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close