Svet.SlajderСветСвет.Портал

Најмалку едно лице загина во пожар во фабрика за батерии во Њу Делхи (ДПЛ)

Еден пожарникар загина, а најмалку 13 лица, од кои дванаесет пожарникари и  еден припадник на обезбедувањето денеска се повредени откако се запали и се урна фабрика за производство на батерии во Њу Делхи, соопшти индиската полиција

Њу Делхи, 2 јануари 2020 (МИА) – Еден пожарникар загина, а најмалку 13 лица, од кои дванаесет пожарникари и  еден припадник на обезбедувањето денеска се повредени откако се запали и се урна фабрика за производство на батерии во Њу Делхи, соопшти индиската полиција.

Три лица се спасени од под урнатините на фабриката. Но, спасувачката операција продолжува, бидејќи се претпоставува дека има уште луѓе под урнатините.

За време на пожарот во зградата немало работници

Во гаснењето на огнот биле ангажирани 35 противпожарни возила.

Лошите безбедносни стандарди се честа причина за пожарите во Индија.Во пожар што избувна минатиот месец во една зграда во Њу Делхи, најверојатно од краток спој, загинаа најмалку 43 луѓе. ки/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close