СветСвет.Портал

Најмалку две жртви во експлозија во Сомалија

Најмалку две лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во експлозија на автомобил бомба, чија цел било градилиште долж пат во близина на сомалискиот главен град Могадишу, соопшти локалната полиција.

Могадишу, 18 јануари 2020 (МИА) – Најмалку две лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во експлозија на автомобил бомба, чија цел било градилиште долж пат во близина на сомалискиот главен град Могадишу, соопшти локалната полиција.

Екстремистичката организација Ал-Шабаб, која е поврзана со Ал Каида, ја презеде одговорноста за нападот, јави радио станицата на групата, Андалус.

Меѓу повредените има шест турски државјани, од кои двајца се во тешка состојба, соопшти турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Полицијата информира дека бомбашот самоубиец со автомобил удрил во место каде што ручале турски инженери и сомалиски полицајци. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close