Svet.SlajderСветСвет.Портал

Најмалку девет лица загинале во силното невреме во САД

Најмалку девет лица погинале, а повеќе од 1.000 летови се откажани, стотици илјади лица останаа без струја во седум американски сојузни држави, кога  бурата, што со себе донесе снег, замрзнат дожд и град, ги погоди подрачјата од Тексас до Мичиген. 

Оклахома Сити, 12 јануари 2020 (МИА) – Најмалку девет лица погинале, а повеќе од 1.000 летови се откажани, стотици илјади лица останаа без струја во седум американски сојузни држави, кога  бурата, што со себе донесе снег, замрзнат дожд и град, ги погоди подрачјата од Тексас до Мичиген.

Националната метереолошка служба соопшти дека додека бурата се движела од Тексас, преку југоистокот на САД и Големите езера до Мејн, на крајниот североисток на земјата, вчера и завчера биле регистрирани налети на ветрот со сила на ураган, град со големина  на топче за голф и височина на снегот од пет до 13 сантиметри, пренесоа британските медиуми.

Околу 200.000 домови и фирми ширум Тексас, Луизијана, Мисисипи, Арканзас, Тенеси, Илиноис и Мичиген останале без струја, покажуваат податоците на сајтот PowerOutage.us.

На Меѓународниот аеродром во Чикаго се откажани или одложени најмногу летови, околу 1.000, наведува сајтот flightaware.com.

Според наводи на меторолози, во торнадата се оштетени или уништети згради во Арканзас и Мисури. сд/

 

Back to top button
Close
Close