СветСвет.Портал

Најмалку десетмина загинати и над 500 повредени во експлозијата во Бејрут

Стотици луѓе се хоспитализирани поради повредите со кои се здобија во денешната експлозија што се случи во пристаништето во главниот град на Либан, Бејрут

Бејрут, 4 август 2020 (МИА) – Стотици луѓе се хоспитализирани поради повредите со кои се здобија во денешната експлозија што се случи во пристаништето во главниот град на Либан, Бејрут.

Во експлозијата, за која се уште не е познато што ја предизвика, загинале најмалку десет лица.
Директорот на либанскиот Црвен Крст, Жорж Кетанех изјави дека се уште не е познат точниот број на повредени, бидејќи голем број на луѓе се под урнатините на куќите.

Според либанската телевизија ЛБЦИ, хоспитализирани се над 500 луѓе, а десетици лица ќе бидат оперирани.

Експлозијата предизвика уривање на терасите на зградите, кршење на прозорците и друга материјална штета и предизвика огромен облак прашина и чад.

Според либанската државна новинска агенција ННА, експлозијата се случила во градското пристаниште, каде се сместени магацини со експлозив.

Според неименувани безбедносни извори експлозијата се случила во магацин за хемиски супстанци.
Претходно, дел од локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил каде се сместени магацините за петарди. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close