Svet.SlajderСветСвет.Портал

Најмалку десет луѓе загинаа при самоубиствен напад во Пакистан

Најмалку 10 лица, меѓу кои и двајца полицајци денеска загинаа во самоубиствен напад врз полицијата во Кета, во пакистанската провинција Белуџистан

Исламабад, 17 февруари 2020 (МИА) – Најмалку 10 лица, меѓу кои и двајца полицајци денеска загинаа во самоубиствен напад врз полицијата во Кета, во пакистанската провинција Белуџистан.

При нападот повредени се 35 луѓе.

– Бомбашот самоубиец планирал да го активира експлозивот што го носел на себе на собир на верници, но се разнел кога го запрела полицијата, изјави полицискиот началник во Кета, Абдул Чема. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close