СветСвет.Портал

Најмалку 57 лица загинаа во лавини во пакистанскиот дел на Кашмир

Најмалку 57 луѓе загинаа во последните 24 часа во лавини во пакистанскиот дел на Кашмир.

Исламабад, 14 јануари 2020 (МИА) – Најмалку 57 луѓе загинаа во последните 24 часа во лавини во пакистанскиот дел на Кашмир.

Владини претставници соопштија дека голем број селани се уште се блокирани во областа на долината Нилум по поројните дождови, кои предизвикаа лизгање на земјиштето.

Спасувачката акција е во тек, а се стравува дека повеќето од лицата кои се водат како исчезнати се загинати. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close