Svet.SlajderСветСвет.Портал

Најмалку 50 лица се водат како исчезнати при потонување на ферибот во Бангладеш

Најмалку 50 лица се водат како исчезнати откако два ферибота се судрија на реката Буриганга, во близина на главниот град на Бангладеш, Дака и едниот брод потона

Дака, 29 јуни 2020 (МИА) – Најмалку 50 лица се водат како исчезнати откако два ферибота се судрија на реката Буриганга, во близина на главниот град на Бангладеш, Дака и едниот брод потона.

Со потонатиот ферибот, според локалните медиуми, се превезувале околу 100 патници.

Од 10 до 15 патници успеале да допливаат до брегот.

Бродските несреќи се чести во Бангладеш, земја со голем број реки. Експертите предупредуваат дека несреќите се случуваат поради непочитување на безбедносните мерки за пловидба. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close