Svet.SlajderСветСвет.Портал

Најмалку 40 загинати при напад на Хутите

При вчерашниот напад на Хутите врз центар за обука во Јемен загинаа 40 лица, а десетици се повредени, јави саудиската државна телевизија Ал Акбарија

Сана, 19 јануари 2020 (МИА) – При вчерашниот напад на Хутите врз центар за обука во Јемен загинаа 40 лица, а десетици се повредени, јави саудиската државна телевизија Ал Акбарија.

Нападот, според телевизијата бил извршен со балистички ракети и дронови.

Борбите во Јемен траа речиси пет години, откако Хутите, кои имаат поддршка од Иран, ја соборија владата на претседателот Абд-Рабу Мансур Хади.   Додека во 2015 година интервенираше коалиција предводена од Саудиска Арабија, која се обидува да ја врати на власт владата на Хади. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close