СветСвет.Портал

Најмалку 30 загинати во конфликтот во Јемен

Проиранското, шиитско движење Хуси денеска соопшти дека 30 лица, меѓу кои и цивили, загинале во воздушни напади на просаудиската, сунитска коалиција во Јемен.

Дубаи, 15 февруари 2020 (МИА) – Проиранското, шиитско движење Хуси денеска соопшти дека 30 лица, меѓу кои и цивили, загинале во воздушни напади на просаудиската, сунитска коалиција во Јемен.

Светските агенции цитираат изјава на министерот за здравство на провинцијата Ал Џаф, која е под контрола на Хусите, во која се вели дека во денешната ескалација на петгодишната граѓанска војна во Јемен загинале жена и дете.

Локалната телевизија Ал Мазира, претходно објави непотврдена информација на воениот портпарол на Хусите, Јахих Сари, дека вчера дејствувала противвоздушната одбрана и со ракета „земја-воздух“ соборила непријателски авион.

Просаудиската коалиција интервенираше во Јемен во март 2015 година, затоа што бунтовниците една година претходно ја соборија меѓународно признатата влада во главниот град Сана.

Се смета дека оваа војна всушност е судир меѓу сунитска Саудиска Арабија и нејзиниот регионален ривал, шиитскиот Иран. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close